„Ван Гал беше повеќе од обичен тренер, знаеше да заплаче некогаш пред нас“

Шпанскиот фудбалер Хуан Мата во разговор за странските медиуми се потсети на соработката со Луј Ван Гал. Шпанецот дојде во Манчестер јунајтед во 2014 година од Челси, а само четири месеци подоцна им се приклучи легендарниот тренер.

Шпанецот откри како Холанѓанецот плачел понекогаш пред фудбалерите на Јунајтед.

„Пријатен човек, кој имаше многу емоции. Понекогаш покажуваше ранливост и плачеше кога ни кажувашенекои работи“, вели Мата.

Првпат со него се сретнал во Лос Анџелес кога се подготвувал за новата сезона. Тогаш Ван Гал од секој фудбалер барал да има состанок со секој фудбалер посебно.

„Кога влегов,тој седеше со помошникот тренер. Ми понуди да се напијам нешто и потоа ми кажа да му раскажам нешто за себе. Ме праша дали имама семејство и што е важно за мене во животот, тогаш сфатив дека Ван Гал е навистина добар човек“, раскажува Шпанецот.