Валенсија го совлада Спортинг и се пласираше во четвртфинале на шпанскиот куп! (ВИДЕО)

Валенсија одигра одличен меч во реваншот и го совлада Спортинг Хихон со 3-0, па така со вкупни 4-2 се пласираше во четвртфиналето на шпанскиот куп.

Гостите одлично го одиграа првото полувреме и успеаа да заминат со 0-0 по првите 45 минути, но потоа следуваше распад во нивната игра.

Санти Мина постигна погодок во 66. минута за водство од 1-0 на Валенсија, а десет минути подоцна стрелаше и за 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Феран Торес во 89. минута.