
Валенсија до крај ќе стравува за опстанок - победа за Мајорка! (ВИДЕО)
Валенсија беше подобар противник од Мајорка, но домаќините беа тие кои постигнаа гол и дојдоа до трите бода.
Клучниот момент се случи во 64. минута кога по асистенција на Ли Канг-Ин, Ведад Муричи постигна гол за триумф на Мајорка.
На две кола до крајот Валенсија има само два бода повеќе од Ваљадолид кој се наоѓа во зоната за испаѓање.