Викенд за сладокусци: Светот се тресе од коронавирусот, а фудбалските навивачи за – дербијата!

Иако епидемијата со коронавирус во светот е топ-тема, ама барем за викендов треската што го зафати светот ќе биде насочена кон - најважната споредна работа на светот. Пред нас е фудбалски викенд исполнет со многу дербија во Европа, а секако во фокус на внимание ќе биде шпанското „Ел класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона, како и „Дербито на Италија“ помеѓу Јувентус и Интер, кое за жал ќе се игра пред празни трибини. Но, настрана овие два суперспектакли има уште нешто во одличната понуда за фудбалските сладокусци.

Еден од натпреварите на кои ќе се посвети најмногу внимание дефинитивно ќе биде „Ел Класико“, кое цел свет ќе го гледа. Огромен број навивачи ќе ги гледаат екипите, кои сезонава се борат за трофејот во Ла Лига, а разликата меѓу нив е само два бодови. Каталонците се први со 55 бодови, додека „кралевите“ имаат 53, па нè очекува возбудлив фудбал.

Дербито во Италија меѓу Јувентус и Интер најверојатно ќе помине без публика на трибините поради коронавирусот, но тоа нема да ги спречи фановите да го следат мечот од своите домови. Тоа ќе биде голема војна на теренот, меѓу тимовите кои првиот меѓусебен дуел го одиграа во 1909, а Јуве тогаш победи со 2-0, а „Старата дама“ има и 34 победи вкупно повеќе од ривалот. Јувентус во моментов е првопласиран со шест бода повеќе од третопласираниот Интер и со победа би можел да реши многу дилеми во борбата за Скудетото. Последниот меч го доби Јувентус и тоа со 2-1 во Милано.

Секако, ќе има интересен фудбал и во другите држави, а посебно нашиот регион и Балканот в недела ќе биде во фокусот, зашто ќе се игра 162-то вечно дрби на лутите белградски ривали Црвена Звезда и Партизан, кое за разлика од Италија, ќе се игра пред полни трибини, се најавува скоро до 40 илјади публика, а секако освен фудбал случувањата на трибините посебно ќе бидат во фокусот со пиротехнички спектакли и кореографии на навивачитеа во претходните години. Во моментов имаат 11 бодови повеќе од ривалот Партизан и ова е една од шансите да се врати неизвесноста во првенството, иако до крајот има уште многу да се игра. Минатата меѓусебна средба ја доби Партизан со 2-0. Во последните десет години, Партизан беше во серија со шест освоени титули по ред, додека Ц. Звезда доминира во претходните години. Во моментов имаат 11 бодови повеќе од ривалот Партизан и ова е една од шансите да се врати неизвесноста во првенството, иако до крајот има уште многу да се игра. Минатата меѓусебна средба ја доби Партизан со 2-0.

Ќе биде интересно и во Хрватска, каде што ќе се пресметаат Осиек со Хајдук и Динамо против Риека во „македонската пресметка“ на двајцата репрезентативци Аријан Адеми кај „модрите“ и Дарко Велковски кај гостите од Истра, кои се очекува да бидат првотимци. Иако Динамо е прв со 56 бодови, сепак ќе се води голема борба меѓу Хајдук, Риека и Осиек за останатите позиции кои водат во европските натпреварувања.

Дерби има и во Македонија и тоа соседско на Вардар и Работнички, само што тоа покрај италијанското ќе се игра пред празни трибини поради коронавирусот и препораката на македонската влада, па дуелот закажан за денеска од 14 часот, навивачите ќе може исклучиво да го гледаат на телевизија.

Ќе биде возбудливо и во Москва, каде што ќе се соочат Динамо и Спартак, кои го одиграа првиот меѓусебен дуел во далечната 1923 година и тоа е најстарото руско дерби, според навивачите. Сепак, епитет на најголемо дерби во моментов го има Спартак против ЦСКА, зашто во моментов Динамо има лоши резултати. Динамо е создаден како клуб на тајната полиција и подоцна имал поддршка од полицијата, додека Спартак е клуб на синдикати на работници во прехрамбената индустрија.

На Островот ќе се игра финалето во Лига Купот, каде што ќе се соочат Астон вила и Манчестер сити. „Граѓаните“ имаат шест титули во натпреварувањето, а нивниот противник една титула помалку, па секогаш постои можност за изненадувања во Купот. Сити го посакува трофејот, има доволно квалитетни фудбалери за такво нешто, а последниот меѓусебен меч на клубовите беше пред повеќе од еден месец и тогаш екипата од Манчестер победи со 6-1.

Ќе се играат уште неколку дербија, меѓу кои се ПСВ Ајндховени Феенорд, како и Ајакс и АЗ Алкмар во Холандија, како и мечот меѓу АПОЕЛ и Омонија во Кипар.