Уште едно големо име пристигнува во Торино: Јувентус бесплатно ја краде ѕвездата на Јунајтед

Шампионот во Серија А, екипата на Јувентус, покажа сериозен интерес за голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, пренесува „Фудбал Италија“.

Фантастичниот шпански голман можеше уште ова лето да има статус на слободен играч, но Манчестер Јунајтед го задржа благодарение на клаузулата за автоматско продолжување на договорот за уште една сезона.

Јувентус сака да го добие Де Хеа без обештетување и се очекува да направи прелиминарен договор со голамнот во јануари. Доколку дојде до реализација на овој трансфер, сегашниот голман на Јувентус, Војчех Шчесни, ќе го напушти Торино.

Де Хеа оваа зима ќе дојде до бројката од 400 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“, но голема е веројатноста дека 28-годишниот голман на лето ќе ја промени клупската средина.