Удинезе ја продолжи страшната серија, во 93-та минута за шеста победа по ред (ВИДЕО)

Италијански Удинезе ја продолжи страшната серија во изминативе 44 денови, па со гол во 93-та минута стигна до победа со 1-2 на гости кај Верона и ја запиша шестата победа во серија за да остане на само бод од водечкиот двоец Наполи - Аталанта

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски доби шанса во последните девет минути од мечот откако во 81-та минута го замени Жерар Делофеу, а Словенецот Јака Бијол го даде победничкиот погодок после центаршут на Лука Самарџиќ за нов голем триумф за досегашната сензација во Качлчото

Бето го израмни резултатот на асистенција на Шпанецот, а Верона имаше водство уште по 23 минути со голот на Доиг.

Удинезе со победата има 19 бода и е третопласиран, а Верона со петтиот пораз остана трета одзади со пет бода.