Удинезе и Џенова се мајстори за реми, Пандев играше 17 минути, Несторовски – ни една!

Удинезе и Џенова сезонава се мајстори за ремија, па „македонската пресметка“ заврши со по еден бод и без голови, во кој Горан Пандев одигра 17 минути, а Илија Несторовски повторно не доби шанса.

Ако Џенова ја диктираше играта, Удинезе за нијанска имаше повеќе шанси, но без некои преголеми возбудувања, за на крај и двата тима да се задоволат со ремито, по кое Џенова остана прва во опасната зона за испаѓање, додека Удинезе за нијанса засега е сигурен.

Пандев влезе во игра во 73-та минута, а тренерот на Удинезе, Лука Готи упорно го држи на клупата за резерви Несторовски, кој веќе цел месец како е вратен во погон после тешката повреда, но никако да запише минути во Калчото.

Џенова со седмото сезонско реми од 14 меча сега има 10 бода и е 18-та, додека Удинезе стигна до шесто реми и 15 бода на 14-то место