Убави вести за Клоп: Се враќаат тројца првотимци за дербито со Челси

Фудбалерите на Ливерпул во дербито против Челси ќе бидат засилени од тројца првотимци кои се рехабилитираа од повредите, а тоа се Диего Жота, Фабињо и Алисон Бекер.

Ливерпул сезонава немаше среќа со повреди, но пред дуелот кој се игра во четврток, Јирген Клоп има причина да биде задоволен.

Жота се враќа по повредата која ја заработи уште во декември, а исто така Клоп на располагање ќе го има и Фабињо, кој не се штедеше сезонава и играше на различни позиции.

Алисон се враќа во тимот, но тој не беше повреден, туку дозна трагични вести дека неговиот татко се удавил во езеро.

Мечот меѓу Ливерпул и Челси се игра во четврток со почеток од 21.15 часот на „Енфилд“.