Уапсен бивш шпански фудбалер поради шверц на кокаин

Поранешниот фудбалер на Атлетик Билбао, Хесус Емилио Диез де Миер бил уапсен во близина на Кадиз, пораид шверц на кокаин.

Полицијата го привела по рутинска проверка на возило, затоа што имал лажни документи, а потоа во станица бил утврден неговиот идентитет.

Хесус е осомничен дека прошверцувал еден тон кокаин од Аргентина во Шпанија, па поради тоа мора да помине девет години во затвор.