Тутоспорт: Време е за Милинковиќ-Савиќ да премине во Јувентус

Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја игра шестата сезона во дресот на Лацио и важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред во Италија. 

Српскиот репрезентативец изминативе сезони постојано беше трансфер-цел на гиганти како Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ и други, а италијанските медиуми најавуваат негов трансфер во Јувентус.

Според „Туторспорт“, спортски весник од Торино, Милинковиќ-Савиќ е идеално засилување за тимот на Андреа Пирло. Го има потребното искуство во Серија А, нормално и голем квалитет и талент да биде носител на најтрофејниот италијански клуб.

Наводно, директорите на Јувентус веќе на големо работат на трансферот на Србинот па дури се подготвени да го понудат Пауло Дибала во Лацио како замена. Аргентинецот оваа сезона не е ниту бледа сенка од играчот, кој пред две сезони беше алфа и омега во тимот.

Милинковиќ-Савиќ дојде во Лацио во летото 2015 година од Гент и досега одигра 235 натпревари за „бјанкочелестите“ со 44 погодоци и 36 асистенции.