Тухел верува дека Мбапе е намерно повреден: Секогаш ни се случува тоа против Сент Етиен

Екипата на ПСЖ синоќа освои нов трофеј, совладувајќи го Сент Етиен со 1-0 во Купот на Франција.

Сепак, оваа победа ќе остане во сенка поради повредата на Килијан Мбапе, кој мораше предвреме да излезе од игра по бруталниот старт на Лоик Перин.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, по натпреварот зборуваше за ситуацијата, кој смета дека фудбалерите на Сент Етиен секогаш кога играат против ПСЖ, тоа го прават на груб начин.

Победивме во финалето, тоа е најважно. Беше многу тешко. Победивме, но мора да подобриме многу работи. Покрај тоа, имаше ситуации со Керер, Нејмар и Килијан Мбапе и тоа скапо не чинеше. Мора да чекаме, немам нови информации за Мбапе. Оваа сезона игравме трипати против Сент Етиен, а на секој натпревар имаше црвен картон за нив. И секој пат кога тоа се случува во првите 30 минути, а не на крајот на мечот кога се уморни. Денес почна со Нејмар, а заврши со Мбапе. Покрај тоа, добивме три жолти картони по нивни фаули. Јас навистина не го разбирам тоа, истакна Тухел по натпреварот.