Тухел отпиша фудбалер од 60 милиони евра кој требаше да биде ѕвезда во Челси

Тренерот на Челси, Томас Тухел полека создава конкурентен тим за титулата во Премиерлигата, а сега сака да ги продаде и тие фудбалери кои нема да му бидат потребни за новата сезона и еден од нив е Кристијан Пулишиќ.

Американецот пристигна во Челси од Борусија Дортмунд во 2019 година за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и не стана ѕвезда на тимот, па летово ќе си замине од Лондон.

Интерес за услугите на Пулишиќ покажа Њукасл, кој не заврши со засилувања во летниот преоден рок и сака да купи уште неколку фудбалери.

Пулишиќ за англискиот гигант одигра вкупно 117 натпревари и постигна 25 гола.