Тричковски погоди за АЕК Ларнака во поразот од Анортозис (ВИДЕО)

АЕК Ларнака не успеа да извлече поволен резултат против Анортозис (1-2), иако македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна погодок.

Анортозис поведе во 34. минута од втората шанса, која ја имаше во првите 45 минути, па на полувреме замина со водство од 1-0.

Во второто полувреме повторно беше забележан израмнет меч, а гостите подобро ја искористија шансата и зголемија на 2-0 преку Окриашвили, додека Тричковски во 92. минута ги постави конечните 1-2.

Анортозис е првопласиран со 24 бодови, додека АЕК Ларнака на нашиот Тричковски е на петто место со 15 бодови.