Трансферот на Роналдо направи „бум“ на берзата

Трансферот на векот вчера беше официјализиран - Кристијано Роналдо е нов играч на Јувентус, а овој трансфер ќе предизвика големи промени на финансиските пазари.

Само што беше потврден трансферот на Роналдо, вредноста на акциите на Јувентус порасна за неверојатни 40 отсто и достигна вредност од 1,12 евра по акција!

Нема дилеми дека Јувентус ќе добие премногу од овој трансфер, иако го плати 100 милиони евра. Дресовите веќе се продаваат во рекорден обем, а наскоро ќе го видиме и импактот на Роналдо во дресот на Јуве.