Тоти ја откри причината зошто лани замина во пензија

Римската икона Франческо Тоти откри пред медиумите зошто лани се решил да замине во пензија, иако претходно најавуваше дека се чувствува дека може да игра најмалку уште две години во дресот на клубот во кој мина четврт век.

Како што објави „Принцот на Рим“, главен и одговорен за пензионирањето е Лучано Спалети, тренерот на Рома, кој пред две сезони ја водеше „волчицата“, по што откако го „избрка“ Тоти замина во Интер. Тоти се пензионираше во мај 2017 година на последниот сезонски меч на „Олимпико“, кога цел стадион му се поклони на човекот што стана симбол на клубот и градот во емоционалното испраќање преполно со солзи на трибините.

Откако замина во пензија, Тоти веднаш доби директорска функција во Рома и заедно со спортскиот директор Мончи и тренерот Еузебио Ди Франческо се одговорини за спортскиот дел на клубот.

„Мене не ми е досадно, зошто деновите ги поминувам исто како и кога бев фудбалер. Наутро ги носам децата во училиште, потоа одам во тренинг-кампот со тренерот и тимот. Се обидувам да бидам користен и за играчите и за тренерот. Зошто не одидов во Азија или во САД? Ако заминев ќе го уништев сето тоа што го изградив во Рома. Ќе уништев 25 годишна кариера. Сеогаш велев дека јас ќе играм само во еден дрес, а јас сум човек кој тоа што ќе го каже и ќе го направи. Спалети? Тој е човекот кој ме турна во пензија“, рече Тоти.

Тоти беше капитен на Рома, рекордер по број на мечеви 786 и по број на голови – преку 200. Со Рома освои едно скудето, два Купа на Италија, а со „аѕурите“ стана светски првак во 2006 година.