Томас Тухел е фаворит за нов тренер на Манчестер јунајтед

Иако јавно се уште му дава поддршка на Ерик тен Хаг, во позадина раководството на Манчестер јунајтед работи на ангажман на негов наследник.

Манчестер јунајтед под водство на Тен Хаг го има најлошиот старт на сезоната во Премиерлигата во својата историја. Притисокот врз Холанѓанецот се зголемува и само прашање на време е кога ќе биде сменет.

Тен Хаг доби поддршка каква што немал никој друг од неговите претходници во пост Фергусон ерата, но Холанѓанецот ништо не испорача што се однесува до Премиерлигата.

Последните информации велат дека Томас Тухел е прв кандидат за нов тренер на Манчестер јунајтед.

Тој од англискиот клуб бил контактиран уште во јуни кога раководството ја разгледувало можноста за нов тренер.

Тогаш промена не се случи, но двете страни останале во контакт, дел од луѓето во клубот сметаат дека сега е вистинскиот момент Томас Тухел да го преземе кормилото.

Тухел кој во моментов е слободен тренер, веќе има искуство во Премиерлигата, беше тренер на Челси.