Тер Штеген излета во празно, Караско погоди за водство на Атлетико (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид води со 1-0 против Барселона на „Ванда Метрополитано“, откако во судиското надополнување на првото полувреме Јаник Караско ја погоди мрежата на Каталонците.

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген излета во празно, а тоа знаеше да го казни Караско, кој без проблеми погоди за 1-0.