Тажни вести пристигнаа од Италија: Почина поранешниот тренер на Интер

Италија е во тага, откако на 82-годишна возраст почина легендарниот италијански тренер, Луиџи Симони, кој во кариерата ги предводеше Наполи, Лацио и Интер.

На Апенините пишуваат дека Симони се наоѓал во тешка ситуација уште од јуни минатата година кога доживеал срцев удар.

Симони беше тренер скоро четири децении. Тој водеше многу клубови, а најголем успех му беше со Интер, со кого го освои тогашниот Куп на УЕФА во 1998 година, победувајќи го Лацио во финалето.

Името на Симони не е поврзано со никаква афера, ниту најмалку сомнителен гест кон некого, па затоа не е чудно што веста за неговата смрт ги потресе многумина во Италија.