Тами Абрахам со урнебесна изјава за својот соиграч Пауло Дибала

Голгетерот на Рома, Тами Абрахам одлично се снаоѓа во тандем со Пауло Дибала, кој летово го засили тимот. 

Англичанецот е воодушевен од Аргентинецот и даде епска изјава за неговите квалитети.

„Тој е навистина талентиран. Добар исто колку и на ФИФА (видеоиграта). Со себе носи лидерски способности иако изгледа на 12-годишник. Тој има големо искуство во освојување трофеи со Јувентус, а токму тоа ни е потребно“, изјави Абрахам за својот соиграч.