Талентот на Барса доби државјанство, идниот месец ќе настапува за Шпанија на СП?!

Еден од најталентираните фудбалери на денешницата и член на каталонскиот гигант Барселона, Ансу Фати (16 години) откако дебитираше за првиот тим веднаш ги остави „подзинати“ Каталонците, но и светската фудбалска јавност.

Поради брилијантните партии беше покрената постапка за добивање шпанско државјанство, а воедно тој процес е завршен. Фати е роден во Гвинеја-Бисао, но одамна се преселил во Шпанија со неговите родители.

Тој првите фудбалски чекори ги направил во младинските категории во Севилја, а воедно изрази желба да игра за Шпанија. Тој живее таму уште од шест години, а неговиот татко Бори е во Шпанија веќе 16 години и неодамна поднел барање за државјанство. Додека неговиот татко не стана Шпанец, ниту Фати не можеше затоа што не е полнолетен.

Реномираниот каталонски весник „Мундо Депортиво“ изјави дека овој процес е забрзан бидејќи Шпанците сакаат младиот фудбалер да игра на Светското првенство до 17 години во Бразил, Мундијал кој ќе стартува за еден месец.

Роберт Морено, сегашниот шпански селектор на А - репрезентацијата, е задобволен од прикажаните партии на младиот фудбалер во дресот на Барселона.

Знам дека Федерацијата направи сé што е во нејзина моќ, а сега одлуката е на Фати. Го гледавме во Барселона, мислам дека ќе биде одличен фудбалер, изјави неодамна Морено.