Супер талент на Ривер Плејт потпишува за Реал Мадрид

Реал Мадрид е на добар пат да направи целосно подмладување на тимот. Марко Асенсио и Винисиус Жуниор треба да бидат носители на новата генерација „кралеви“, но раководството на клубот веќе бара и други млади фудбалери. 

Родриго ќе му се приклучи на европскиот шампион во јуни 2019 година, а Реал Мадрид сега е близу до ангажман на уште еден супер талентиран Јужноамериканец.

Се работи за фудбалерот на Ривер Плејт, Ексекиел Паласиос за кој мадриѓани се подготвени да платат 25 милиони евра. Паласиос игра во средниот ред и е стандарден во тимот на Марсело Галјардо.

Преговорите помеѓу Реал Мадрид и Ривер Плејт треба да започнат по завршувањето на финалето во Копа Либертадорес, односно по реваншот викендов против Бока Јуниорс. Интересно е тоа што доколку Ривер Плејт слави има голема можност да се сретне со Реал Мадрид на Светското клупско првенство.