Суарез на првиот тренинг на Атлетико Мадрид доби – заушки по глава (ВИДЕО)

Уругваецот Луис Суарез денеска и официјално беше претставен како нов играч на Атлетико Мадрид, каде што, исто како и во Барселона, ќе ја носи „деветката“ на позадината од дресот.

Тој веднаш потоа го одработе првиот тренинг, пред чиј почеток мораше да мине низ тунел формиран од останатите фудбалери, во кој „изеде“ заушки по главата, традиција што се негова меѓу „јорганџиите“.