Суарез доаѓа во Атлетико Мадрид, а Мората се враќа во Јувентус? (ФОТО)
Јувентус почнал преговори со шпанскиот тим и сака да го ангажира Мората на позајмица, за која ќе плати 10 милиони евра плус 45 милиони евра за да го откупи од Атлетико.
Суарез, од друга страна, остана без трансфер во Јувентус, но и покрај тоа нема да остане во Барселона, туку веќе ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид, па остануваат преговори меѓу двата тима.