Столе дефинитивно си оди од Валенсија, ама - ќе продолжи да брани во Валенсија!

Македонскиот голман Столе Димитриевски вчера побара трансфер пред крајот на летниот преоден рок, а денеска наводно прифатил да ја напушти Валенсија и да се пресели во Леванте.

Димитриевски дефинитивно ќе ја напушти екипата на Валенсија, но ќе продолжи да брани во истиот град од каде што е Леванте, чиј дрес во минатото го носеше и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Чуварот на мрежата на Македонија постојано беше во втор план по доаѓањето во Валенсија, и тоа најпрво во однос на Мамардашвили, а потоа и на Агиресабалага.

Валенсија наводно е подготвена да го пушти Димитриевски да замине, но ќе бара одредена отштета за неговиот потпис.

За услугите на македонскиот репрезентативен чувар интерес претходно покажаа и шпанските тимови Селта Виго и Елче.