Стоичков им порача на Аргентинците: Меси е мит – заборавете на Марадона!

Најголемата бугарска легенда Христо Стоичков, легенда на шпанска Барселона им порача на Аргентинците дека е недозволиво Лионел Меси да биде споредуван со било кој друг играч на „гаучосите“, па макар тој се викал и Диего Армандо Марадона.

Откако се појави Меси на фудбалската сцена, а во изминативе повеќе од една деценија е најдоминантниот фудбалер во светскиот фудбал заедно со Кристијано Роналдо, постојано во Аргентина има дебата кој е подобар Меси или Марадона, како и дали актуелната ѕвезда на Барса е најдобриот фудбалер на сите времиња.

„Меси е мит. Тешко е да го споредувате до други и тешко дека ќе најдете некој што освоил толку колку што има освоено тој. Шест златни топки, пет златни копачки, најдобар фудбалер на СП 2014... Аргентинците веќе со години имаат дебата кој е најдобар, постојано нешто спорат, ама мислам дека нема дилеми – Меси е над сите. Нечесно е да го споредуваат со било кој друг“, вели Стоичков.