Статистиката покажа: Ова е најлошиот Реал Мадрид во последните 20 години

Реал Мадрид сезоната ја почна со Хулен Лопетеги, но по очајните резултати реши да го отпушти и да го ангажира Сантијаго Солари, но ниту тој не донесе подобри резултати.

Статистичарите во Шпанија открија дека ова е најлошата сезона на „кралевите“ во последните 20 години, откако тогаш последен пат имаа десет порази во сите натпреварувања на полусезоната.

Зинедин Зидан минатата година загуби девет меча, а тоа значи дека сезонава Реал за само пет месеци ја премина таа бројка.

Во 2019 година Реал победи само на два натпревари од пет, а во последниот загубија од Леганес со 0-1.

Дополнителни лоши вести се тоа што повредени се Тони Крос, Герет Бејл, Марко Асенсио, Маркос Лоренте и Тибо Куртоа.