Статистика на ФИФА: Меси е подобар од Роналдо (ФОТО)

Вечно ќе трае дилемата за тоа дали Кристијано Роналдо или Лионел Меси е подобар фудбалер, а на профилот на ФИФА беа објавени статистички податоци кои се во прилог на Аргентинецот.

Меси во саботата против Австралија го одигра неговиот јубилеен 1.000-ти натпревар, а притоа ФИФА направи споредба со првите 1.000 настапи на Роналдо.

На основа на податоците може да се забележи дека и двајцата се одлични, но Меси сепак е подобар од Роналдо во сите параметри, односно број на дадени голови, асистенции и освоени титули.