Стариот шампион го поздрави новиот: „Граѓаните“ со шпалир за Ливерпул (ВИДЕО)

Манчестер сити официјално сезонава абдицираше од тронот во Премиерлигата и му го отстапи на Ливерпул.

Двата тима вечерва се среќаваат во рамки на 32.коло, а натпреварот ќе се игра само за престиж, бидејќи „црвените“ и математички ја обезбедија титулата. Традицијата налага новиот шампион да добие шпалир, а фудбалерите на Манчестер сити иако го предадоа тронот, џентлменски му оддадоа почит на новиот владател во Англија.