„Средината и дефанзивата очајни, a тактиката - катастрофална“

Манчестер Јунајтед му оддржа фудбалска лекција на Челси, во осминафиналниот дуел од англискиот ФА Куп. Тоа го искористија поранешните фудбалери кои настапувале за ривалите на Челси, да „распалат“ по тимот од Лондон. 

Ли Диксон, поранешниот дефанзивец на Арсенал, имаше само катастрофални зборови за вчерашното издание на избраниците на Маурисио Сари.

„Навивачите јасно ставија дознаење до играчите и тренерите што мислат. Тактиката, нема што да се коментира, катастрофална, од првата до последната минута. Изгледаше очајно. Средината на теренот беше многу лоша, дефанзивата исто. Не постигнуваат голови играчи од средината на теренот, а кога тоа се случува самодовербата е на ниско ниво“, кажа Диксон

Во дресот на Арсенал Диксон има одиграно неверојатни 458 натпревари, ги бранеше боите на клубот во периодот од 1988 до 2002.