Срамно од Барселона: Валверде бил отпуштен преку телефон

Ернесто Валверде синоќа заработи отказ од тренерската позиција во Барселона, но начинот на кој бил отпуштен е крајно неспортски и непрофесионален. 

Шпанските медиуми информираат дека Валверде вчера во утринските часови бил на состанок со претседателот Жозеп Марио Бартомеу. Иако Шпанецот бил убеден дека ќе добие отказ уште на состанокот, тоа не се случило.

Валверде бил дома и се подготвувал да оди во тренинг-кампот за да го одржи попладневниот тренинг, кога на телефон му се јавил неговиот агент и му соопштил дека е отпуштен. Ваков потег сигурно не и доликува на Барселона, а и Валверде можеби не заслужи ваков третнам со оглед на фактот дека ги освои последните две шампионски титули во Ла Лига.