Спортинг Лисабон без Ристовски замина за САД на тестови со Ливерпул и Валенсија

Португалскиот гигант Спортинг Лисабон без македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски замина за САД на предсезонските подготовки и двата планирани мечеви со Лион и Ливерпул.

Тренерот на „лавовите“ Марсел Кајзер замина за Њујорк со 22 фудбалери, а Ристовски заедно со уште неколкумина остана во Португалија поради рехабилитација. Македонскиот десен бек се повреди уште на првиот тренинг во Австрија, кога заработи дисторзија на скочниот зглоб, па сега ќе мора да го мине процесот на рехабилитација и максимално подготвен да се врати на тренинзите.

Покрај Ристовски повредени се и Рафаел Камачо, Баталја и Росиер, па и тие како и Македонецот не заминаа синоќа за САД. Во тимот е Бруно Фернандеш, најдобриот фудбалер на Спортинг, за кого се најавува џиновски трансфер во Манчестер јунајтед.

Првиот меч на Спортинг е против европскиот првак за два дена во два часот по полноќ по македонско време, а на 28 е дуелот со шпанскиот примералигаш.