Спортинг го казни Ристовски и го префрли во Б-тимот!

Португалскиот медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски доби казна од Спортинг Лисабон, зашто одбил да се пресели во Русија поради тоа што е во лоши односи со тренерот Аморим.

Аморим решил да го префрли македонскиот фудбалер во Б-тимот, а таму друштво ќе му прави и Камачо, чиј трансфер во Динамо Загреб не се реализираше.

Медиумот пишува дека наскоро овие двајца фудбалери ќе го напуштат португалскиот гигант, а засега не е познато каде ќе ги продолжат кариерите.