Спектакл на „Енфилд“: Ливерпул славеше против Челси во меч со осум голови (ВИДЕО)

Ливерпул и Челси вечерва одиграа спектакуларен меч на „Енфилд“ во 37. коло од англиската Премиерлига, кој заврши со победа на шампионот од 5-3.

Домаќините постигнаа прекрасен погодок преку Наби Кеита за 1-0, а веднаш потоа Александер-Арнолд и Вајналдум стрелаа за 3-0, по што Жиру намали на 1-3.

Во вториот дел Ливерпул поведе со 4-1 преку Фирмино, а подоцна Челси преку Абрахам и Пулишиќ намали на 3-4.

Сепак, кога сите помислија дека Челси ќе стигне до израмнување, тогаш Окслејд-Чемберлејн ги постави конечните 5-3.