Спалети можеби ќе си оди од Наполи, но си направи тетоважа од Скудетото! (ФОТО)

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети е во заладен однос со сопственикот Аурелио Де Лаурентис и е на излезна врата од „Диего Марадона“, но и покрај тоа реши да ја овековечи првата титулата на Наполи по 33 години со одлична тетоважа.

Лучано Спалети заврши одлична работа на клупата на Наполи, го донесе Скудетото по пауза од 33 години, но неговата иднина на југот на Италија е под голем знак прашалник откако влезе во недоразбирање со сопственикот Аурелио Де Лаурентис поради новиот договор кој го очекуваше.

Тој можеби е на излезна врата од „Диего Марадона“, но реши за првпат во својот живот да се тетовира и на овој начин да ја овековечи титулата. Стратегот одбра одличен дизајан со логото на Наполи, знамето на Италија и бројот 3.

Лучано Спалети исто така доби и втора тетоважа, ги испиша имињата на неговите деца на десната рака.