Солшер мисли на иднината: Англичанец потпиша нов договор со Јунајтед

Манчестер јунајтед се подготвува за големото дерби на „Олд Трафорд“ против Ливерпул, а денеска реши да продолжи договор со еден од најталентираните фудбалери.

„Црвените ѓаволи“ сезонава рушат негативни рекорди, па се надеваат дека конечно ќе почнат да играат подобро, а еден од фудбалерите на кои ќе сметаат во иднина, Мејсон Гринвуд потпиша нов договор.

Англичанецот потпиша нов договор до 2023 година, со можност да ја продолжи соработката на уште една сезона.