Солшер им дава шут-карта на двајца фудбалери на Манчестер јунајтед

Во таборот на Манчестер јунајтед идното лето ќе има доста промени, а освен Пол Погба, кој речиси сигурно си заминува, на трансфер-листата ќе бидат ставени Џеси Лингард и Андреас Перерира. 

Двајцата фудбалери, кои потекнуваат од академијата на клубот воопшто не ја оправдаа довербата сезона. Менаџерот Оле Гунар Солшер е тотално разочаран од нивната игра, па затоа ќе бидат продадени.

Лингард сезонава во сите натпреварувања има одиграно 33 натпревари, а има два гола и само една асистенција. Периера пак беше дел од 35 натпревари со ефект од еден гол и четири асистенции. 

Ова е ефект под сите стандарди на Манчестер јунајтед, а се чини дека Лингард и Переира ги потрошија сите кредити кај Солшер. Тие воопшто не ја искористија шансата по повредите на Пол Погба и Скот Мектоминеј за да се докажат, па затоа нивната иднина е надвор од „Олд Трафорд“.

Со парите собрани од продажбата на овие двајца фудбалери, Манчестер јунајтед ќе тргне по Џек Грелиш од Астон Вила.