Соиграч на Алиоски шест недели нема да игра фудбал зашто висел во обложувачници

Младиот фудбалер на англиски Лидс, Џордан Стивенс, кој од 2018 година е дел од овој клуб и соиграч на македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски ќе мора шест недели да паузира од фудбалот, зашто бил фатен дека виси по обложувачници.

Фудбалската асоцијација (ФА) го казнила Стивенс со забрана за секаква фудбалска активност во следните месец ипол, откако било утврдено дека во изминатата сезона одиграл дури 59 пати во англиските обложувачници, а пет пати се обложувал на својот тим.

Станува збор за 19-годишен фудбалер, кој го прекршил секој кодекс на професионален фудбалер, но иако ФА не простува за вакви случаи, од Лидс се пожалиле дека младиот фудбалер е престрого казнет.

„Разочарани сме за оваа санкција. Да се забрани на млад играч да нема допир со фудбалот в вака битен период од кариерата е многу тешка казна“, објавиле од Лидс.

Стивенс во Лидс дојде лани од Форест Грин.