Соиграч на Алиоски доби жестока казна поради расизам

Кико Касилја, голманот на Лидс и соиграч на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, доби жестока суспензија поради расизам.

Шпанскиот голман беше обвинет за расистички навреди кон фудбалерот на Чарлтон, Џонатан, а иако ги негираше обвинувањата, Фудбалската асоцијација не му прости.

„Кико Касилја е суспендиран на осум натпревари, а казнет е и со 60.000 фунти, па мора да присуствува на едукативни часови за таа тема“, соопштија од Фудбалската асоцијација.

Неговата суспензија ќе биде голем удар за Лидс, кој се бори за пласман во Премиерлигата.