Скандал на тренингот на Баерн: Боатенг му залепил неколку шлаканици на Горецка (ФОТО)

Шокантни сцени се случувале на денешниот тренинг на германскиот шампион Баерн од Минхен. Како што пренесува „Билд“ дефанзивецот Жером Боатенг му залепил неколку шлаканици на играчот од средниот ред, Леон Горецка.

Споменатиот извор пренесува дека до тепачката дошло поради провокации и остри стартови, а подебелиот крај го извлекол Горецка.

На крајот реагирал и тренерот на екипата, Ханс Флик, кој ги раздвоил двајцата фудбалери.

Инаку, Боатенг е познат по контроверзното однесување, а пред четири години имаше конфликт исто така на тренинг со Роберт Левандовски. Исто така два пати ја претепа својата сопруга.