Сити се откажа од Гризман

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола негираше дека Антоан Гризман ќе пристигне на „Етихад“. Иако „граѓаните“ беа едни од фаворитите за потписот на Французинот, сепак, од тоа нема да има ништо.

„Новинари од Барселона немој да се грижите. Не можеме да си го дозволиме Гризман. Сити нема да го купи“, изјави Шпанецот.

Интересно, денеска и тренерот на ПСЖ, Томас Тухел ја одби можноста на „Паркот на принцовите“ да пристигне напаѓачот на Атлетико Мадрид. После овие изјави, веќе е јасно дека Гризман летово ќе го облече дресот на Барселона.