Сите фудбалери на Јуве „избегаа“, само Буфон остана да честита на противниците (ВИДЕО)

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, со години е меѓу најдобрите во светот, па не е од тие кои често влегуваат во караница со другите, туку се однесува со почит кон своите противници.

По поразот од Наполи (0-1) во Торино во еден од најважните натпревари во сезоната, Буфон на секој играч на Наполи му честиташе за големата победа.

Останатите играчи на „старата дама“ заминаа во соблекувалната, но италијанскиот голман  покажа уште еднаш зошто е меѓу најголемите.