„Што ако загубивме од ПСЖ, сè уште имаме шанси да го освоиме трофејот“

Манчестер Јунајтед ќе патува во Париз со негатива од два гола во реваншот од осминафиналниот дуел против ПСЖ. „Црвените ѓаволи“ не го искористија домашниот терен, па многумина сметаат дека шансите за евентуален пласман на Јунајтед во четвртфиналето се сведени на минимум. 

Андер Ерера не се согласува со тоа дека Јунајтед нема шанси со ПСЖ на реваншот, играчот за врска дури и смета дека неговиот тим може да се надева и на освојување на големиот трофеј. 

„ Овој резултат не не боли бидјеки сметам дека не бевме послаб противник. Не ни создадоа многу проблеми, кога го имавме почетниот резултат немаа креација и не создаваа шанси. Сепак откако постигнаа гол од прекин се смени текот на натпреварот. Сметам дека ќе имаме шанси на реваншот, зошто да не дадеме одма брз гол, остануваме со шанси за трофејот во ЛШ“, заклучи Андер Ерера.


Реваншот на „Паркот на принцовите“ е закажан за шести март.