Шок за Арсенал: „Топчиите“ без Белерин во најзгуснатиот период за Божиќ

Арсенал денеска загуби од Саутемптон со 2-3, што беше прв пораз за лондонскиот гигант по 22 меча, но освен поразот „топчиите“ на неколку недели останаа и без десниот бек Хектор Белерин.

Менаџерот на лондонскиот гигант Унај Емери откри дека Белерин ќе биде во аут неколку недели, што значи дека шпанскиот репрезентативец ќе го пропушти најспектакуларниот и најзгуснатиот период од годината, од Божиќ до Нова Година, т.н. „Боксинг деј“.

Белерин сега нема да игра против севернолондонскиот ривал Тотнем во Карабао-купот, а потоа ќе ги пропушти четирите премиерлигашки пресметки во 10 дена – со Барнли, Брајтон, Ливерпул и Фулам.

„Белерин има мала повреда, но мислам дека неколку недели ќе биде во аут. Сократис се врачќа, а ќе видиме Колашинац и Мустафи до каде се со рехабилитацијата. Нам сега секој играч ни е и тоа како потребен“, рече Емери.