Шок во Мадрид: Серхио Рамос го напушта Реал, веќе одлучил каде ќе игра!

Серхио Рамос од 2005 година е член на Реал Мадрид, а никогаш не бил поблизу до напуштање на „Сантијаго Бернабеу“.

Капитенот на Реал е разочаран од односот на клубот кон него. Тој го има тековниот договор до јуни следната година и неодамна ги започна преговори за нов. Сепак, 34-годишниот Рамос не е задоволен од понудениот договор од Реал. Дефанзивецот бара двегодишен договор, а Реал не се откажува од идеологијата на клубот да им дава договори на повеќе од една година на играчи постари од 30 години.

Клубот е свесен дека Рамос ќе има 35 години кога ќе му истече сегашниот договор и не сака во овој момент да прават проценски за тоа во каква состојба ќе биде Рамос тогаш, па затоа не планираат да му понуди повеќегодишен договор.

Тоа значеше шпанските медиуми веднаш да се пуштат во акција. Како што пишуваат мадридските медиуми, Рамос веќе избрал каде сака да ја продолжи кариерата. Станува збор за американската МЛС лига. Неговиот план беше да замине таму по Светското првенство во 2022 година, но тоа може да се забрза заради нарушената врска меѓу Реал и него.

Фаворит за да го донесе Рамос е Интер Мајами, клуб кој е во сопственост на Дејвид Бекам, поранешниот англиски фудбалер, кој играше две сезони со Рамос во Реал.