Шок под Везув: После Хамшик, пред заминување и – Дрес Мертенс!

Откако легендата на Наполи, Марек Хамшик после 12 години си замина од „Сан Паоло“ и направи трансфер во Кина, нов шок го стресе Неапол, по информациите дека на крајот на сезоната, италијанскиот калчолигаш ќе остане без уште една ѕвезда – Дрес Мертенс.

Во последните денови пред стартот на кинеското првенство, на адреса на Наполи дошла понуда од најмногубројната земја на светот за трансфер на Мертенс, но наполитанците ја одбиле зашто во Европа заврши преодниот рок, па нема начин да најдат соодветна замена. Сепак, по завршување на сезоната, неименуваниот кинески тим ќе направи втор обид и тоа со многу повеќе пари, па под Везув се тресат дека Белгиецот практично ќе си замине.

Наполи не сака да го продаде Мертенс, но проблем е што за мали пари може да го загуби репрезентативецот на „црвените ѓаволи“, зашто во договорот има отштета од 28 милиони евра, што и не се така многу за Кинезите, но и воопшто во последно време за трансфер на екстра фудбалер.

Плус, фактот дека Мертенс ќе добие најмалку двојно поголема плата од актуелните четири милиони евра е најава за трансферот. Хамшик замина во Далијан Јифанг за 20 милиони евра, а сега заработува по девет милиони евра од сезона.

Интересно за Мертенс заинтересиран е и Челси, односно менаџерот Маурицио Сари, но трансферот е во втор план поради неизвесната иднина на бившиот тренер на Неапол, па затоа и Кина сега е во преден план како идна дестинација на Белгиецот.