
Шишковски направи пенал и беше исклучен: Пораз на Докса од Омонија (ВИДЕО)
Тимот на нашите интернационалци Душко Трајчевски и репрезентативниот голман Дамјан Шишковски водеше со 0-1 благодарение на голот на Авто во 72-та минута. Домаќините потоа останаа со играч помалку во 85-тата минута. Кога се чинеше дека Докса ќе дојде до трите бода на гостувањето кај Омонија, Шишковски направи пенал 90.минута по кој заработи втор жолт картон и беше испратен во соблекувалната.
Домаќините преку Дурис погодија за 1-1 во 93-тата минута, а четири минути подоцна преку Лесјакс направија и целосен пресврт за да ги освојат трите бода.