Шеиците со нов план: Принцот на С. Арабија ќе го купува Милан!?

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија, на чие чело е принцот Мохамед Бин Салман, се откажа од преземање на Њукасл, но затоа сега сака да го купи Милан.

Медиумите пишуваат дека Арапите не се откажуваат од преземање европски клуб, а Милан им изгледа како одлична идеја во моментов.

Шеиците ќе се обидат да се договорат со инвестицискиот фонд „Елиот“ за да го купат Милан и да го вратат на врвот во Италија, но и во Европа.