Шефилд го декласираше Челси и го сопна во борбата за ЛШ (ВИДЕО)

Шефилд јунајтед денеска запиша убедлив триумф на домашен терен од 3-0 против Челси и уште еднаш сезонава докажа дека е незгоден противник во Премиерлигата.

Домаќините по само 18 минути игра го пронајдоа патот до мрежата на Кепа Аризабалага, а до крајот на првото полувреме МекБрни зголеми на 2-0.

Челси имаше свои шанси, но не ги искористи, а казната пристигна во 77. минута преку Голдрик, кој ги постави конечните 3-0.

Челси е третопласиран со 60 бодови, а веднаш зад него се Лестер и Манчестер јунајтед.