Шах-мат за голманот на АЕЛ: Тричковски постига мајсторски гол (ВИДЕО)

АЕК Ларнака се наоѓа пред трет триумф сезонава во кипарскиот шампионат бидејќи води со 2-1 против АЕЛ Лимасол, а еден од головите беше дело на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски.

АЕЛ постигна гол за водство од 1-0 во 24. минута, но потоа Маркис израмни на 1-1, а Тричковски во 68. минута доби одлично додавање, кое успеа да го исконтролира и да ја испрати топката во мрежата на гостинскиот голман.