Севилја во судиското продолжение го „скрши“ Кадиз (ВИДЕО)

Севилја беше на прагот да загуби два бода на гостувањето кај Кадиз, но со два гола во финишот успеа да победи со 3-1 во рамки на 3.коло во Ла Лига.

За гостите ова всушност е прв натпревар сезонава во домашното првенство, бидејќи ги прескокна претходните две кола. Сите голови беа постигнати во второто полувреме, а Кадиз го отвори резултатот во 48-та минута преку Салви Санчез Понсе.

Лук де Јонг израмни во 65-тата минута, само четири минути откако влезе во игра. Уште еден резервист направи пресврт и ја најави победата, а тоа беше Мунир ел Хадади, кој погоди за 1-2 во 90-тата минута. Точка на победата стави Иван Ракитиќ во 93-тата минута по асистенција на Ел Хадади.

На вториот натпревар во Ла Лига, што се играше во истиот теремин Валјадолид и Селта одиграа 1-1.